Политика на приватност
Иноватива Групација се грижи за податоците на Park+ и ги заштитува со највисоки безбедносни стандарди.
1. Вовед
Оваа политика за приватност е донесена и ги почитува основните принципи на Законот за заштита на лични податоци, преку кој закон одредбите на Регулативата за општа заштита на податоците (GDPR) на Европската Унија се транспонирани во нашето законодавство.
Оваа политика за приватност, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци ги уредува основните принципи и начела при остварувањето на правата на субјектите на лични податоци како посетители и корисници на услугите на мобилната апликација Park Plus (Park+).
Нашата мобилна апликација ги собира само оние лични податоци кои се неопходни за успешно испорачување на услугата, со претходна согласност на субјектот на лични податоци.
2. Дефиниции
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
„Ограничување на обработката на лични податоци“ е означување на личните податоци кои се чуваат, а со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на лични податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
„Нарушување на безбедност на лични податоци“ е секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин обработуваат.
3. Забрана за дискриминација
Вашите податоци ги користиме за подобрување на услугите, обезбедување побезбедно паркирање и персонализирано искуство.
4. Споделување на податоци
Заштитата на личните податоци се гарантира на секое физичко лице без дискриминација заснована врз неговата националност, раса, боја на кожата верски уверувања, етничка припадност, пол, јазик, политички или други верувања, материјална положба, потекло по раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој или кои било други лични карактеристики.
5. Контакт
Контролор на личните податоци е Друштво за компјутерско програмирање ИНОВАТИВА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Демир Капија, со седиште на ул. Радњанска, бр. 47, Демир Капија, ЕМБС 7680929 и e-mail адреса: hello@innovativagroup.mk.
5. Начела на обработка на личните податоци
Личните податоци се обработуваат во согласност со следните начела на обработка:
- Согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на лични податоци;
- Се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели;
- Соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат;
- Точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени;
- Чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на лични податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци;
- Обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.
6. Права на субјектот на лични податоци
Субјектите на лични податоци, како ексклузивни носители на своите лични податоци, ги имаат следните права:
- Право на пристап;
- Право на исправка;
- Право на бришење („право да се биде заборавен“);
- Право на ограничување на обработката;
- Право да биде известен во случај на исправка, бришење или ограничување на обработката;
- Право на преносливост на податоците;
- Право на приговор;
- Право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка;
Субјектите на лични податоци ги имаат и сите други права кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци.
7. Збирки на лични податоци
Во согласност со природата на работењето на контролорот, од страна на субјектите на лични податоци се собираат следните збирки на лични податоци:
- Име и презиме на корисник;
- E-mail адреса;
- Телефонски број;
- Број на регистарски таблици на возило;
- Име на возило;
8. Цели на обработка на личните податоци
Погоренаведената збирка на лични податоци ја собираме и обработуваме законито, правично и транспарентно. Личните податоци кои ги собираме се во минимален обем со цел успешно испорачување на нашата услуга.
Личните податоци се собираат за следната цел:
- Успешно испорачување на нашата услуга за полесно менаџирање на плаќањата при паркирање;
Исто така, личните податоци ги собираме и обработуваме со цел почитување на Законот за заштита на личните податоци како и за константно подобрување и оптимизирање на нашата услуга.
Ние и евентуалните обработувачи на личните податоци сме должни да ги чуваме и да не ги обработуваме овие лични податоци спротивно на целта за која ни се споделени од страна на субјектите на лични податоци, односно корисниците на мобилната апликација.
Ние како контролор и обработувачите нема да ги употребуваме личните податоци на начин и за цели спротивни од тие за кои се споделени од страна на субјектот на лични податоци. Субјектот на лични податоци може во секој момент да поднесе барање со цел увид на начинот на обработка на неговите лични податоци.
9. Споделување на вашите лични податоци
Можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со:
- Даватели на услуги: Трети страни кои ни помагаат во успешно испорачување на нашата услуга;
- Државни органи: Доколку врз основа на закон државен орган побара споделување на лични податоци кои ние ги обработуваме.
При споделување на личните податоци, давателите на услуги ги преземаат сите технички и организациски мерки за чување и обработување на личните податоци со цел спречување на инцидент во врска со истите.
10. Случај на инцидент
Во случај на инцидент во врска со заштитата и обработката на лични податоци, Контролорот ИНОВАТИВА ГРУПАЦИЈА ДООЕЛ Демир Капија се обврзува да постапи во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци.
Односно, во рок и без одлагање ќе ја извести Агенцијата за заштита на лични податоци по дознавањето на таквото прекршување и во известувањето ќе бидат наведени природата и обемот на прекршокот.
Во ваков случај, Контролорот ќе ги преземе и сите потребни мерки со цел брзо и неодложно отстранување на прекршокот.
11. Контакт податоци на овластеното лице за заштита на личните податоци
Овластено лице за заштита на личните податоци е:
- Милан Недев од Демир Капија
Овластеното лице за заштита на личните податоци можете да го контактирате на следната e-mail адреса:milan@innovativagroup.mk
Доколку имате било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност, контактирајте го овластеното лице за заштита на личните податоци на e-mail адресата наведена во претходната точка 11.
12. Промени на политиката за приватност
Како Контролор за заштита на личните податоци го задржуваме правото да правиме промени во оваа Политика за приватност кога ќе се јави потреба за тоа.
Сите промени на оваа Политика за приватност соодветно и навремено ќе бидат објавени на нашата мобилна апликација, а вие ќе бидете известени за истите.
Ве молиме периодично да ја прегледувате оваа Политика за приватност со цел да бидете во тек со најновите ажурирања.